fbpx

Хан: Решете ја кризата за да ја задржите европерспективата

-

Високата претставничка за надворешни работи на Европска Унија, Федерика Могерини, денеска во Брисел, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека Македонија се наоѓа на нејзината агенда.

– Да, Македонија е на нашата агенда. Заедно со комесарот Хан, многу сме фокусирани на Балканот. Во таа рамка, Македонија е на агендата, како што секогаш е на агендата поддршката за земјите што се клучни за регионот. Овде зборуваме за соседните земји на Балканот, но таа не е сосед, туку е во Европа. Во овие посебни услови, тоа е потребно. Ги прочитав препораките на Европскиот парламент, ја следам дебатата и подготвена сум тоа да одговорам на тоа заедно со комесарот Хан – рече Могерини.

Запрашана дали стравува од нестабилност во Македонија, Могерини само загадочно рече: „Се плашам дека не е во прашање тоа дали ќе има нестабилност“.

„Мета“ побара појаснување од нејзиниот кабинет за овој одговор, но досега не добивме.

Евроокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан, од своја страна уште еднаш повика на дијалог во Македонија и рече дека државата треба да се врати на соодветните европски стандарди за да ја задржи европската перспектива.

– Како што знаете, јас сум во редовен контакт со лидерите на поранешната југословенска Република Македонија. Ние ја понудивме нашата помош за решавање на кризата. Двете страни треба да направат чекори, треба да ја почитуваат правната држава, треба да го почитуваат судството, треба да ја почитуваат слободата на медиумите и треба да имаат исти политички стандарди во однос на работата на Собранието, како што тоа е случај во други земји. Од тие причини, еминентни пратеници од Европскиот парламент, исто така, рекоа дека се подготвени да арбитрираат меѓу различните партии во земјата. Тие оваа поддршка ја прифатија и сега чекаме да видиме кои ќе бидат следните чекори. Но, за да може да се задржи европската перспектива, навистина е неопходно проблемите да се решат во земјата и да се вратите на соодветните меѓународни и европски стандарди – рече Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...