fbpx

УНЕСКО: Во 2022 година се убиени 86 новинари и медиумски работници во светот

-

Бројот на убиени новинари и медиумски работници е зголемен за 50 отсто во текот на 2022 година, објави УНЕСКО. Дури 86 новинари и медиумски работници биле убиени лани, при што најопасни делови од светот, според бројот на убиства, биле Латинска Америка и Карибите.

Организацијата за наука образование и култура на ОН, УНЕСКО има мандат да обезбеди слобода на изразување и безбедност на новинарите на глобално ниво, а агенцијата на ОН наведе дека нејзините податоци ги нагласуваат сериозните ризици и ранливост со кои се соочуваат новинарите во својата работа.

„По неколку години постојан пад, наглиот пораст на бројот на убиени новинари во 2022 година е алармантен“, вели генералната директорка на УНЕСКО Одри Азуле.

Најопасен регион за новинарите била Латинска Америка и Карибите, каде што лани се регистрирани 44 убиства на медиумски работници. Во Азија и Пацификот имало 16 убиства, додека во 2022 година дури 11 убиства биле забележани во Источна Европа. По земји, најголем број на убиства во светот имало во Мексико (19), по што следат Украина (10) и Хаити (9).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...