fbpx

ЗНМ: Новинари спречени да известуваат од настан на кој присуствувал премиерот Ковачевски

-

За време на денешниот настан во кругот на фабриката „Пекабеско“ во Скопје каде бил присутен премиерот Димитар Ковачевски, новинарите Љупчо Златев и Предраг Кукиќ биле спречени да присуствуваат на настанот и да постават прашање до премиерот, соопшти Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Според информациите кои стигнале до ЗНМ, од страна на лице вработено во приватната агенција за обезбедување „РОТЕ“ на новинарите им биле побарани акредитации кои, според сведочењето на новинарите, тие им ги покажале и потенцирале дека добиле покана од Владата за овој настан. Обезбедувањето сепак ги спречило да влезат на настанот за да ја извршат својата новинарска задача.

Од ЗНМ велат дека ќе достават претставка до Комората за приватно обезбедување на Република Северна Македонија со цел расчистување на овој инцидент за засегнатата агенција за обезбедување.

„Потребно е да се знае дека припадниците на агенциите за приватно обезбедување во ниеден случај не смеат да ја ограничат работата на новинарите и медиумските работници кои известуваат бидејќи на тој начин се ускратува и правото на информирање на граѓаните. Укажуваме дека одговорноста за вакви попречувања на работата на новинарските екипи е и на товар на организаторот и на Владата која ги поканила новинарските екипи. Затоа бараме и Владата и компанијата „Пекабеско“ да спроведат внатрешна истрага за да се спречат вакви инциденти во иднина“, велат од Здружението на новинарите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...