fbpx

Летното сметање на времето завршува ноќеска во 3 часот

-

Ноќеска во 3 часот во земјава ќе престане летното сметање на времето и ќе се премине на зимско сметање.

Стрелките на часовникот во 3 часот утре, 30 октомври 2022, треба да се поместат 1 час наназад, на 2 часот.

Кај мобилните телефони и компјутерите за кои корисниците дозволиле автоматска усогласување на часовникот, промената ќе ја изврши оперативниот систем, а кај оние уреди кај кои таа е оневозможена, корисниците ќе треба да го сменат времето рачно. Истото важи и за постарите часовници и рачни часовници што не се поврзани на интернет.

Владата имаше идеја оваа есен да се престане со промената од летно на зимско време, но по анализите извршени од Министерството за економија е заклучено дека е најдобро да продолжи досегашната практика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Најголем напад на Русија врз украинскиот енергетски систем во последните неколку седмици

Руски проектили и беспилотни летала погодија речиси десетина украински критични инфраструктурни објекти во голем воздушен напад рано во средата, предизвикувајќи сериозна штета на три термоелектрани од времето на Советскиот...