Во недела наутро ќе започне зимското сметање на времето

Во три часот наутро во недела ќе се помести времето за еден час наназад, односно три часот ќе се смета за два часот

Фото: Sonja Langford, Unsplash

Во раните часови во недела на 29-ти октомври завршува летното сметање на времето. Во 3 часот наутро ќе се забележи поместување на времето еден час наназад, односно, три часот наутро повторно ќе се смета за два часот, известуваат од Министерството за економија.

Во Северна Македонија важи средноевропското зонско време.

„Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање“, велат од Министерството.

Имаше напори и во нашата држава и во Европската унија да се укине менувањетo од летно во зимско сметање на времето и обратно, но тие останаа неуспешни.

Покрај тоа што ЕУ имаше најавено дека во 2021 година ќе се укинат сезонските промени, тие сепак останаа, пишува Блумберг. Немале доволно ресурси за да се оствари оваа промена во екот на пандемијата и Брегзит.

Тие кои се за укинувањето посочуваат дека се забележува зголемен број на здравствени проблеми и сообраќајни несреќи на деновите кога се менува времето и едноставно не сакаат да се скрати од веќе краткиот ден во зима.