fbpx

Разрешен шефот на германската агенција за кибер безбедност поради можни врски со Русија

-

Шефот на германската национална агенција за кибер безбедност, Арне Шенбом, е разрешен по извештаите за можни врски со руски разузнавачки служби, пренесе „Јуроњуз“.

Шенбом бил обвинет за контакт со руските тајни служби во сатирично шоу на германскиот јавен сервис „ЗДФ“. Тој пред една деценија бил ко-основач на група за кибер безбедност која обединува експерти од јавните институции и приватниот сектор. Германските медиуми објавија дека една од членовите на здружението е компанија основана од поранешен вработен во руската разузнавачка служба КГБ и дека се верува оти Шенбом одржувал односи со групата.

Германската влада минатата недела соопшти дека ги истражува извештаите.

Шенбом за „Шпигел“ изјави дека самиот побарал дисциплинска постапка за него со цел да се разјасни прашањето, додавајќи дека не знае кои се конкретните обвинувања против него.

„Јуроњуз“ пишува дека во Германија постои зголемена загриженост оти земјата би можела да биде цел на Русија поради поддршката на Берлин за Украина, нешто за кое националната агенција за кибер безбедност предупредуваше во последно време.

Обвиненијата против Шенбом се појавија додека германската полиција истражува чин на саботажа на железничката инфраструктура во земјата, при што некои официјални лица го вперија прстот кон Русија по експлозиите на гасоводот „Северен тек“.

На 8 октомври на две локации биле пресечени важни комуникациски кабли што предизвикало железничките услуги на северот од Германија да бидат запрени на три часа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...