fbpx

Лажна дојава за бомба од вработен во ЈСП го прекина автобускиот превоз во Скопје

-

Поради лажна дојава за рачна бомба поставена во еден од автобусите, испратена од вработен во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП), сите автобуси од градскиот превоз утрово беа повлечени и не сообраќаа. Како што информираа од претпријатието, екипите за антитероризам биле на терен и постепено возилата се вклучувале на линија по претходна соодветна безбедносна проверка. Дојавувачот, лицето вработено во ЈСП, кое ја испратило заканата е приведено.

Од МВР соопштуваат дека полициски службеници го привеле Ј.И., по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП, дека од неговата адреса за електронска пошта на службениот меил на ЈСП и на адресите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП била пратена порака со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите.

„Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се додава во соопштението.

Инаку, вчера попладне Владата демантираше дека има долг кон ЈСП – Скопје. Ваквата реакција следуваше откако секретарот на град Скопје, Зоран Глигоров, за денеска на пладне најави протест пред Владата ако не се исплатат два милиони евра за бесплатниот превоз на учениците и студентите.

Синдикалците, како што објави Мета, му дадоа нов рок на сообраќајното претпријатие, до денеска да им ја исплати заостанатата септемвриска плата. Во спротивно, како што рекоа, автобускиот превоз ќе биде прекинат.

Јавниот автобуски превоз во Скопје пред колапс, претпријатието бара пари од Владата

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...