fbpx

Се чека локомотива од Турција за да тргне возот од Скопје за Кичево

-

Државната компанија Железници на РСМ-Транспорт ќе чека Турција да нѝ помогне со локомотиви за да може да ја пушти во сообраќај укинатата железничка линија Скопје-Кичево-Скопје. Воз за Тетово, Гостивар и Кичево од Скопје не сообраќа уште од мај 2021 година, кога тогашното раководство на Железници ги укина патничките возови кон Кичево и Кочани.

Во актуелниот возен ред за 2022 година на Железници на РСМ-Транспорт стои дека ќе сообраќа возот Скопје-Кичево-Скопје, но тој воопшто не е во функција. Овој воз од Скопје за Кичево треба да сообраќа секој ден во 16:45 часот, додека од Кичево за Скопје во 5:30 часот.

Возовите меѓу Скопје и Куманово привремено не сообраќаат, железницата нема доволно машиновозачи

Од Железници на РСМ-Транспорт сега велат дека много скоро очекуваат од Турската железница да се снабдат со воз за превоз на патници, којшто планираат да го пуштат во сообраќај на линијата Скопје-Кичево-Скопје.

Инаку, директорот на Железници на РСМ-Транспорт Мајан Весели деновиве бил на работна средба со генералниот директор на Турските железници, Уфук Јалчин. За време на средбата, тие разговарале за обезбедување на две локомотиви од Турската државна железница како донација или кирија, за поправка на некои локомотиви, но и за проектот за железнички превоз на патници на релацијата Истанбул-Солун-Скопје.

„Г. Уфук Јалчин заедно со неговиот тим се сериозно ангажирани да ни помогнат во развојот на железници“, информираат од Железници на РСМ-Транспорт.

Државното железничко претпријатие има проблем веќе подолго време со редовно одржување на патничкиот железнички сообраќај. Покрај тоа што не сообраќа возот кон Кичево, нема возови и кон Кочани и Приштина, иако се предвидени во возниот ред. Дел од изминатово лето имаше проблем и со сообраќањето на возовите на релација Скопје-Табановце-Скопје поради недостиг на машиновозачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...