fbpx

Путин прогласи анексија на Луханск, Донецк, Херсон и Запорижјa

-

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи анексија на „четири нови региони“. Тој во говорот во Кремљ во петокот ја истакна руската анексија на Луханск, Донецк, Херсон и Запорижјa, региони кои силите на Москва делумно ги зазедоа за време на седуммесечниот конфликт со Украина, пренесе Ројтерс.

„Луѓето од овие региони донесоа одлука. Резултатите од референдумите се познати, добро познати. Сигурен сум дека Федералното собрание ќе ги поддржи четирите нови субјекти на Руската Федерација, зашто тоа е волјата на милиони луѓе“, кажа Путин, тврдејќи дека многу генерации Руси се бореле за овие земји.

Од 23 до 27 септември, во овие региони се одржуваа таканаречени референдуми за анексија. Западните влади и официјален Кијив рекоа дека референдумите го прекршуваат меѓународното право и се принудни и нерепрезентативни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...