fbpx
Таг: анексија

таг: анексија

Чесите со сатира ја исмеваат руската анексија на делови од Украина, „си го бараат Калининград назад“

Чешки интернет пранкери создадоа лажна веб-страница и профил на Твитер за припојувањето на Калининградската област кон Република Чешка. VisitKralovec.cz е најновиот сатиричен обид за да се покаже апсурдноста на неодамнешната одлука за припојување на четири украински региони кон Руската Федерација. Онлајн доста вирална стана и онлајн петицијата за припојувањето на Калининград кон Чешка и негово преименување во Краловец. „Краловец е...

МНР на Украина: Анектирањето на нуклеарката „Запорижја“ ги зголемува нуклеарните закани

Откако рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека ги потпишал законите за анектирање на четирите украински региони Луханск, Донецк, Запорижја и Херсон, односно нивно припојување на Руската федерација, но и посебен указ со кој нуклеарната електрана „Запорижја“ се прогласува за руски имот, Министерството за надворешни работи (МНР) на Украина предупреди дека станува збор за уште едно злосторство што уште повеќе...

Пендаровски и другите претседатели од членките на НАТО со реакција на руската анексија на делови од Украина

Претседателите на земјите-членки на НАТО од Централна и Источна Европа денеска упатија заедничка изјава во врска со одлуката на Русија за нелегално анектирање на украински територии, која ја потпиша и македонскиот претседател Стево Пендаровски, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. „Ние, претседателите од Централна и Источна Европа, од земји чиишто лидери го посетуваа Киев за време на војната и лично беа...

Путин прогласи анексија на Луханск, Донецк, Херсон и Запорижјa

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи анексија на „четири нови региони“. Тој во говорот во Кремљ во петокот ја истакна руската анексија на Луханск, Донецк, Херсон и Запорижјa, региони кои силите на Москва делумно ги зазедоа за време на седуммесечниот конфликт со Украина, пренесе Ројтерс. „Луѓето од овие региони донесоа одлука. Резултатите од референдумите се познати, добро познати. Сигурен сум дека...

Путин денеска анектира региони од Украина, во ракетен напад врз колона бегалци загинаа најмалку 23 лица

Во ракетен напад врз конвој бегалци во близина на украинскиот град Запорижја (Запорожје) загинаа најмалку 23 цивили, а 28 лица се повредени, јавува Гардијан. Конвојот се состоел од цивили кои со возила оделе да ги соберат од граничните пунктови своите роднини кои сакале да избегаат од украинските региони окупирани од Русија. Украинските власти тврдат дека конвојот од цивили бил погоден...

Путин можеби в петок ќе објави анексија на окупираните украински региони по квази-референдумите

Британското Министерство за одбрана објави дека рускиот претседател Владимир Путин веќе во петок би можел да објави анексија на окупираните територии на Украина, објави Гардијан. Ваквите информации доаѓаат на последниот ден од одржувањето на квази-референдумите во окупираните региони Херсон, Запорожје, Донецк и Луганск. Путин во петок ќе се обрати пред двата дома на рускиот парламент, и тоа по објавувањето на...

Русија планира да ги анектира окупираните територии во Украина по примерот на Крим

Со идентичната тактика како од 2014 година, Русија планира најрано во септември да ги анектира окупираните територии од Украина, предупреди портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Џон Кирби. Американските податоци велат дека анексирањето кон Русија ќе ги опфати териториите на украинските региони Херсон, Запорожје, Донецк и Луганск, пренесува Гардијан. Русија се обидува да постави сопствена власт во окупираните региони,...

Русија почна големи воени вежби на копно и во Црно Море

Русија денеска соопшти дека почнала големи воени вежби на копно и во водите на Црното и на Каспиското Море, јавуваат светските агенции. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, изјавил дека вежбите почнале во 7 часот по московско време, во јужните, западните и во централните воени области, каде силите на армијата биле ставени во состојба на борбена готовност. Вежбите, како...

Јункер во посета на Русија следниот месец

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер следниот месец ќе ја посети Русија каде ќе учествува на економската конференција во Санкт Петерсбург, јавуваат светските агенции. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјавил дека за време на посетата предвидено е Јункер да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Станува збор за прва посета на највисоко ниво на претставник на Европската Унија...

Претседателот Пендаровски и неговиот Кабинет сè уште немаат земено плата за јануари

Од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски соопштија дека сè уште ја немаат земено јануарската плата бидејќи, како што тврдат, Министерството за финансии немало дополнителни средства за исплата...