fbpx

Евидентиран 81 нов случај на ковид

-

Во последното деноноќие евидентирани се 81 нов случај на ковид-19, од направени  734 тестови, соопштува Министерството за здравство. Оттаму информираат дека од вкупниот број позитивни пациенти, 20 се реинфекции. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата, е 342.961.

„Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица“, велат оттаму.

Досега во земјата се направени вкупно 2.169.626 тестирања. Бројот на оздравени пациенти е 332.932, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 495.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...