fbpx

Работна група ќе подготвува нов закон за високо образование

-

Работна група составена од претставници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), вклучувајќи ги и „Студентски пленум“ и „Професорски пленум“, како и претставници на Министерството за образование и наука (МОН) во наредните 30 дена ќе прави анализа на состојбите, од која потоа треба да произлезе нов закон за високо образование, е заклучокот од денешната неколкучасовна дебата меѓу засегнатите страни во просториите на Ректоратот на УКИМ.

Заклучоците од дебатата беа изложени во соопштение од неколку реда.

„Врз основа на излагањата, беше договорено низ отворен дијалог да се дојде до заеднички решенија за унапредување и за обезбедување на квалитетот во високото образование. Во таа насока, беше заклучено да се формира работна група со претставници на Универзиетот, вклучувајќи ги и студентскиот и професорскиот пленум, како и претставници од МОН, која во рок од 30 дена ќе подготви анализа на состојбите, врз основа на која ќе се дефинира концептот за изработка на законски текст за високото образование. Истовремено, беше договорено во наредните денови да се одржи работна средба во истиот состав“, се вели во соопштението од ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, што им беше поделено на новинарите по завршувањето на дебатата.

На дебата присуствуваа министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, неговиот заменик, Спиро Ристоски, и министерот за финансии, Зоран Ставрески, кои ги одбегнаа новинарите.

Средбата, на која се соочуваа ставовите за реформите и за начините што треба да резултираат со подобро и поквалитетно високо образование, траеше четири и пол часа, а по нејзиното завршување, со изјави не излегоа ниту ректорот, ниту претставниците на „Студентски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...