fbpx

СЗО предупредува: Летните забави и концерти може да резултираат со ширење на мајмунските сипаници

-

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на можно ширење на мајмунските сипаници на фестивалите и другите поголеми собири планирани ова лето низ Европа, пренесе Гардијан.

„Потенцијалот за натамошно ширење на вирусот во Европа и на други места ова лето е голем“, изјави Ханс Анри Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа.

Сепак, Клуге смета дека фестивалите и другите настани планирани за следните неколку месеци би можеле да бидат можност за „покревање на свеста и зајакнување на заштитата на поединците и заедницата“ кај младите луѓе кои се сексуално активни и глобално мобилни.

Клуге тврди дека досегашните истраги укажуваат на тоа дека епидемијата во Европа трае од средината на април. Гледано нумерички и географски, тоа е најголемото ширење на вирусот надвор од областите на Западна и Централна Африка каде што мајмунските сипаници се ендемски.

Клуге верува дека брзото ширење на мајмунските сипаници во Европа последните неколку месеци е помогнато со укинувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот. Иако поголемиот број претходни инфекции се поврзуваат со сексуална активност, Клуге нагласува дека секој може да биде заразен со вирусот.

„Бидејќи вирусот не се шири на ист начин како Ковид-19, немаше потреба од воведување мерки за заштита на јавното здравје како што беше случај за време на пандемијата на коронавирусот“, рече Клуге.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...