вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: мајмунски сипаници | 24 резултати

Неосновано и без факти се тврди дека мајмунските сипаници и СИДА-та се настанати од СЗО

август 26, 2024

Вирусот на мајмунски сипаници бил откриен во 1958 година, кога се случиле две епидемии на болест слична на сипаници во колонии на мајмуни чувани за истражување. И покрај тоа што првично беше наречен „мајмунски сипаници“, изворот на болеста останува непознат, пишува на официјалната веб страница на ЦДЦ. Научниците се сомневаат дека африканските глодари и нечовечките […]

Мајмунските сипаници не се нова однапред планирана „пландемија“

август 22, 2024

Тврдењето во објавата дека станува збор за „пландемија“ односно веќе однапред смислен план, се базира на симулациската вежба која се одржала на Минхенската конференција (МСЦ) во март 2021 година, наречена „Зајакнување на глобалните системи да се спречи и да се одговори на биолошки закани со високи последици“. Она што се симулирало со оваа вежба, а […]

Од почетокот на годината Африка со над 18.700 случаи на мајмунски сипаници, СЗО со највисок степен на тревога

август 17, 2024

Од почетокот на годината, во Африка се регистрирани 18.737 потврдени случаи на зараза со вирусот мајмунски сипаници или сомнителни случаи на овој вирус, од кои 1.200 се во последните седум дена, објави Здравствената агенција на Африканската унија (Африка ЦДЦ). СЗО проласи највисок степен на тревога. Во Македонија, на 6 август имало пријава за сомнителен случај […]

Мајмунски сипаници во Шведска, прв случај на поопасната варијанта надвор од Африка

август 16, 2024

Во Шведска е регистриран случај на поопасната и позаразната варијанта на мајмунски сипаници. Ова е првиот случај на „Клејд I“ варијантата забележана надвор од Африка, пренесува Гардијан. Заразениот човек бил на посета во Африка во регион каде имало голем број на заразени лица, соопшти шведската Јавна здравствена агенција. Овој случај доаѓа само еден ден откако […]

Не е точно дека ЦДЦ потврдил дека мајмунските сипаници се сексуално пренослива болест

август 27, 2022

Наспроти изнесеното во постот, не е вистина дека Центарот за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ) потврдил со сигурност дека мајмунските сипаници се сексуално пренослива болест. На страницата на ЦДЦ пишува дека мајмунските сипаници не се сексуално пренослива болест, но честопати се пренесуваат преку близок одржлив физички контакт, кој може да вклучува и […]

Вистиномер: Комплетни измислици за грабнување и насилно тестирање на пациент

август 19, 2022

Лице од Кичево кое беше прво лице од Македонија со симптоми на мајмунски сипаници, неколку дена по ред одбиваше да се тестира. После пет дена одбивање, на крај тој прифатил да се тестира, а тестот е негативен, односно тој нема мајмунски сипаници. Наспроти тоа што го говорат фактите, овој пост шири невистини и паника во […]

Вистиномер: Не е лага дека мајмунските сипаници се јавна здравствена опасност

август 14, 2022

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, до 5 август во САД се потврдени 7.510 случаи на заболени со мајмунски сипаници, а единствените две држави во САД каде што не е регистриран ниеден случај се Вајоминг и Монтана. Во сите други американски држави има потврдени случаи, најмногу во Њујорк – 1.862. Со прогласувањето […]

СЗО апелира да не се напаѓаат и повредуваат мајмуните

август 13, 2022

Светската здравствена организација (СЗО) упати апел до јавноста да не се напаѓаат и повредуваат мајмуните, откако се дозна за случаи на најмалку седум мајмуни во Бразил што умреле откако биле отруени или повредени среде епидемијата на мајмунски сипаници, пренесе Ен-Би-Си Њуз. „Тоа што луѓето треба да го разберат е дека пренесувањето се случува помеѓу луѓе“, […]

МЗ: Наодот на пациентот за кој постоеше сомнеж е негативен за мајмунски сипаници

август 13, 2022

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека испитувањето во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на брисот земен од пациентот од Кичево, за којшто имаше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, покажало негативен резултат. „Потсетуваме дека Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист […]

Д-р Петличковски: Не очекуваме драматичен развој и сериозно ширење на мајмунските сипаници

август 11, 2022

Комисијата за заразни болести вчера и денеска одржа два состаноци поврзани со сомнителните два случаи на мајмунски сипаници во земјава. Ова не е нов ковид, овде нема место за паника меѓу граѓаните, рече пред малку во изјава за медиумите д-р Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за заразни болести. „Не очекуваме никаков драматичен развој и сериозно […]

КЗБ: Се прави епидемиолошка анализа на сомнителниот случај на мајмунски сипаници

август 11, 2022

Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок ја анализираше актуелната состојба поврзана со појавата на сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, информираат оттаму. „Беше констатирано дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, лабораториска потврда и изолација на сомнителниот случај. Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин во домашни […]

Вистиномер: Не е точно дека мајмунските сипаници се предизвикани од вакцината против ковид-19

август 8, 2022

Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Мајмунските сипаници не се предизвикани од вакцините против ковид-19 бидејќи ниедна од нив не го содржи вирусот на мајмунски сипаници. Мајмунските сипаници постоеле и во времето кога коронавиурсот не постоеше, а следствено на тоа немаше ни вакцини против него. Човекот кој зборува во видеото не приложува ниеден […]

Вистиномер: Не е точно дека мајмунските сипаници се шират само меѓу геј популацијата

јули 14, 2022

Не е вистина наведеното во постот дека мајмунските сипаници се инфекција која се шири само меѓу геј популацијата, ниту пак, такво нешто изјавиле од СЗО. Вирусот може да се прошири со сексуален и несексуален близок контакт и неговата преносливост не е само за оние со определена сексуална ориентација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу […]

Вистиномер: Не постојат посебни маски за мајмунски сипаници

јуни 6, 2022

И покрај контекстот во кој се портретираат овие маски како посебни и специјално дизајнирани за мајмунски сипаници, сепак не е вистина дека постојат специјални маски дизајнирани за оваа болест. Лицата заразени со мајмунски сипаници користат обични хируршки маски, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа […]

Вистиномер: Фабрикувана изјава на Путин за мајмунските сипаници се шири на социјалните мрежи

јуни 2, 2022

Изјава на рускиот претседател Владимир Путин поврзана со мајмунските сипаници не може да се најде ниту на официјалниот канал на претседателот на Русија, ниту во делот на руски јазик, ниту на англиската верзија на сајтот. Пребарувањето на официјалните информации од Кремљ од 7 мај, кога беше пријавен првиот случај на мајмунски сипаници, до сега, не […]

СЗО предупредува: Летните забави и концерти може да резултираат со ширење на мајмунските сипаници

јуни 1, 2022

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на можно ширење на мајмунските сипаници на фестивалите и другите поголеми собири планирани ова лето низ Европа, пренесе Гардијан. „Потенцијалот за натамошно ширење на вирусот во Европа и на други места ова лето е голем“, изјави Ханс Анри Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа. Сепак, Клуге смета дека фестивалите […]

Вистиномер: Не е точно е дека со руската инвазија врз Украина го снемало коронавирусот, благодарение на Путин

мај 29, 2022

Повеќе објави на социјалните мрежи континуирано тврдат дека со руската воена интервенција во Украина го снемало коронавирусот, а дека Путин успеал да го запре неговото ширење, бидејќи во Украина се наоѓале лабораториите од каде што потекнува вирусот. Но, пандемијата не е завршена, а ширењето на вирусот не може наеднаш да запре, за што говорат и […]

Мехмедовиќ: Го подготвуваме системот за евентуална епидемија со мајмунски сипаници

мај 25, 2022

Да го подготвиме системот што е можно подобро за да одговори на евентуална епидемија со мајмунски сипаници и во нашата земја, е целта на Комисијата за заштита од заразни болести, кажа денеска портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ. На денешниот состанок биле дискутирани клиничките патеки за следење, скрининг, дијагностика и третман на пациентите кои ќе бидат евентуално […]

Вистиномер: Неколку случаи на мајмунски сипаници не значат „нова пландемија“

мај 25, 2022

Ситуацијата со мајмунските сипаници и бројот на досега заразени засега не укажува на тоа дека станува збор за пандемија. Од 13 до 21 мај лабараторски потврдени се 92 случаи на овој вирус. Освен што не се работи за пандемија, не станува збор ниту за „пландемија“ – познат и широко распространет термин кој го користат антиваксерските движења […]

Мајмунските сипаници многу тешко се пренесуваат за да бидат опасни, велат експертите

мај 23, 2022

Пандемијата од ковид-19 нема замав во последните месеци, но затоа појавата на мајмунските сипаници предизвикаа големо внимание во јавноста. Медицинските експерти велат дека простор за паника нема заради тоа што овие сипаници многу тешко се шират за да бидат опасни, а и бројот на случаи е мал на светско ниво. Епидемиологот проф. д-р Александар Стојанов […]

Страна 1 од 1