fbpx

Започнува карван за вакцинација против ковид-19 во повеќе општини

-

Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од понеделник (21 март) почнува со карван за вакцинација против ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата. На секое од овие места, согласно распоредот, граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против ковид-19. Исто така, на овие локации граѓаните кои се вакцинирани во странство ќе имаат можност да се евидентираат во системот МојТермин.

„Имајќи предвид дека невакцинираната популација има поголем ризик од смртен исход од Ковид-19, во споредба со вакцинираните, тоа значи дека голем дел од популацијата останува незаштитена. Одлуката за вакцинирање не треба да се одложува. Вакцинирањето е побезбеден начин за заштита на здравјето, отколку инфекцијата со вирусот, која може да доведе до смртен исход, а бустер дозите овозможуваат континуирана и максимална заштита“, порачува министерството за здравство.

Покрај активностите од караванот за вакцинација, кои ќе се реализираат во следните две недели и ќе опфатат 14 локални заедници, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат и во здравствените домови во државата.

„Вакцините кои се користат се сигурни и безбедни, и здравствените домови располагаат со доволни количини вакцини. Вакцинацијата останува најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт, а колективниот имунитет е единствениот начин да се победи пандемијата“, порачува министерството.

Распоред на посетите:
21 март од 11 до 15 часот – Шуто Оризари, плоштад
22 март од 12 до 16 часот – Кратово, плоштад
23 март од 12 до 16 часот – Радовиш, плоштад
24 март од 12 до 16 часот – Струмица, плоштад
25 март од 12 до 16 часот – Ново Село (Струмица), на пазарот
26 март од 11 до 15 часот – пред Ист Гејт Мол во Скопје
27 март од 11 до 15 часот – Куманово, плоштад
28 март од 12 до 16 часот – Липково, паркинг во село Матејче
29 март од 12 до 16 часот – Арачиново, до поштата
30 март од 12 до 16 часот – Чучер Сандево, во ОЈУ Партизански дом во село Сандево
31 март од 12 до 16 часот – Зелениково, во дворот ОУ „Марко Цепенков“
1 април од 12 до 16 часот – Врапчиште, Дом на култура во село Неготино
2 април од 11 до 15 часот – Кичево, Дом на култура
3 април од 11 до 15 часот – Струга, Ново Шеталиште

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...