fbpx

За една недела намален бројот на ковид случаи за една третина

-

Регистрирани сe 2.504 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 32,3 отсто во однос на минатата недела, покажува последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 февруари до 06 март. Тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,4 отсто во однос на минатата недела.

„Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци и Демир Капија. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи“, стои во извештајот.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.511 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 372 реинфекции, со намалување за 31,5 отсто во однос на претходната недела.

„Пријавени се 44 смртни случаи во 17 градови во текот на изминатата недела, за 35,3 отсто помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, најголем број од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години“, се додава во извештајот.

Заклучно со 5 март, вакцинирани се вкупно 871.082 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и во странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 850.803 лица, а со трета доза се вакцинирани 144.391 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...