fbpx

Утре на плоштадот Скендербег граѓаните ќе можат да оддадат почит на загинатите во автобуската несреќа

-

Утре во 9 часот, на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во близина на Струма, Република Бугарија, соопшти попладнево Министетството за надворешни работи.

По пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, во периодот од 10 до 13 часот. Поворката ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот.

На самиот плоштад ќе биде поставен и видео ѕид, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...