fbpx

Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани за пожарот во Тетово

-

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека не ги прифаќа оставките на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе.

„По повод понудените оставки од страна на министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот за здравство Илир Хасани, внимателно ги прочитав наодите на истражителите за причините на несреќата во тетовската модуларна болница. Како што е јавно соопштено во стручните наоди на вештачењето е утврдено дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска во приклучен кабел. Врз основа на ова и на претходно добиените информации, сакам да ја известам јавноста, дека нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот доктор Венко Филипче и заменик министерот за здравство др. Илир Хасани“, изјави Заев.

Ваквата одлука доаѓа откако Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека причината за пожарот била прегревање на кабел од дефибрилатор. Пожарот по краткиот спој се проширил на приклучокот од продолжниот кабел, на кој освен дефибрилаторот, биле поврзани и полнач за мобилен телефон и уште еден апарат, за кој не се даваат детали во соопштението на Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...