fbpx

БДП се зголемил за 13,1 проценти во второто тримесечје

-

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13,1, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто.

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје пораст е забележан во секторите Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46 отсто, Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Снабдување со вода, Отстранување на отпадни води, Управување со отпад и дејности за санација на околината од 11,4 и Информации и комуникации од 5,7 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје номинално се зголеми за 14,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,2 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Горел дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Пожар го зафатил домот за стари лица во селото Банско, синоќа околу полноќ, информира регионалниот Центар за управување со кризи од Струмица. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари...