fbpx

„Кокошка“, нова премиера на битолскиот театар

-

Битолскиот народен театар веќе е подготвен да ја прикаже новата премиера, „Кокошка“ од авторот Николај Кољада, а во режија на актерот познат по своите стендап-комедии, Маријан Ѓоргиевски. Премиерата е најавена за понеделник, 9 февруари, во 19.30 часот, на новата сцена на БНТ.

Оваа претстава е магистерски труд на Ѓоргиевски.

– Претставата се занимава со површниот банален живот на една група актери, кои живеат и работат во мал паланечки, провинциски театар. Една вечер решаваат да го променат својот живот и да отвораат многу големи теми. И тука се случува сè. Ликовите живеат во постојано исчекување за поубави нешта – вели актерот и режисер Маријан Ѓоргиевски.

Драматургијата е на Оливера Павловиќ, сценографијата на Валентин Светозарев, костомографијата на Благој Мицевски, а светлото на Димче Спасевски.

Во претставата играат Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски и Николче Пројчевски.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...