fbpx

Жител на Охридско под заштитни мерки поради семејно насилство

-

Охридската полиција до Основниот суд во Охрид поднел предлог на А.М. (51) од охридското село Лескоец да му се изречат заштитните мерки отстранување од домот без оглед на сопственоста, забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство и задолжително лекување од алкохолизам.

Како што информираат од полицијата, предлогот бил поднесен откако А.М., на средината од минатиот месец, во алкохолизирана состојба, ги навредувал членовите на своето семејство, се заканувал дека ќе ги убие и ќе ја запали куќата и фрлал со делови од покуќнината кон нив.

Основниот суд во Охрид го прифатил предлогот и донел решение мерките да траат една година. Според решението на судот, мерките ќе ги спроведуваат СВР Охрид, Центарот за социјални работи и локалните медицински установи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бизнис идеите на младите презентирани на првиот ден од Стартап Викенд Охрид

Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и...