МЗ: Вчера пристигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“

-

Министерството за здравство ја информира јавноста дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. Од нив 4.680 се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против ковид-19. Според договорот, „Фајзер“ секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за целиот месец мај.

Останатите 4.680 дози вакцини „Фајзер“ се добиени преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe). Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, што ја координира Австрија, во нашата земја во месец мај треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини. Вчерашната пратка е втора по ред, а помошта за Северна Македонија која ја обезбедува ЕУ се вкупно 119.213 вакцини. Севкупно земено, во текот на мај од вакцината на „Фајзер“ во земјава ќе пристигнат 45.890 дози.

Изминатиов петок во земјава пристигнаа 38.400 вакцини од производителот „Астра Зенека“, додека во саботата добивме и 100.000 вакцини од кинеската вакцина „Синофарм“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...