fbpx

Пендаровски и Радев заедно на чествувањето на Свети Кирил и Методиј во Рим

-

Претседателот Стево Пендаровски ќе го чествува денот на Свети Кирил и Методиј во Рим, заедно со неговиот бугарски колега Румен Радев, соопштија од Кабинетот на Претседателот на Северна Македонија.

Двете делегации ќе отпатуваат заедно со бугарски авион во Италијанската Република и на 27 мај и претседателите Пендаровски и Радев ќе положат цвеќе во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во IX век Папата Адријан Втори ги благослови азбуката и книгите напишани од Светите браќа Кирил и Методиј.

Среде блокадата на евроинтеграцијата на земјава, која според изјавите од новата техничка влада на Бугарија тешко ќе биде одблокирана ако македонската држава не ги прифати бугарските услови, најавата за заедничко чествување од првите луѓе на двете земји е сигнал за можност за напредок во надминување на спорот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...