fbpx

Вкупно 995 болни од ковид-19 се лекуваат низ болниците, има околу 400 празни кревети

-

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 589 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а вкупно 406 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 63 пациенти, во Прилеп 81, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 73, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...