fbpx

Охрид ќе добие од буџетот 97 илјади евра за отстранување на дивоградбите, според препораките на УНЕСКО

-

Општина Охрид од буџетот на државата ќе добие шест милиони денари или 97 илјади евра за да ги спроведе препораките од УНЕСКО за решавање на проблемот со дивоградбите. На последната 24. седница на Владата на РСМ, донесена е и одлука и за распределба на средства обезбедени во потпрограма 30-Урбанизам и градежништво, за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа од буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година. Тие се во износ од 46.170.000 денари (751 илјада евра) за реализација на неколку проекти низ државава. Во нив спаѓа и исполнувањето на препораките од УНЕСКО за справување со дивоградбите, за што се одвоени шест милиони денари.

Моментално во општината во тек е тендерска постапка за изработка на урбанистичка документација за плажи, а градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески се надева дека тоа ќе биде завршено до јануари идната година.

„Во февруари или март ќе се распише нов повик за издавање на плажите под концесија и конечно ќе заврши целата таа проблематична ситуација со плажите. Потребно е да се направи стратешка евалуација, согласно планот за управување, стратешка еваулација на влијанието врз животната средина на тие објекти, за да се одреди кои објекти ќе бидат предмет на отстранување, кои објекти можат, а кои не можат да се вклопат во наредните Урбанистички планови“, кажа охридскиот градоначалник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...