fbpx

Во ковид центрите во Скопје и во другите градови се лекуваат вкупно 1.297 заболени од ковид-19

-

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.297, а има колку 150 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство. Во болниците во внатрешноста во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. На интерните клиники имало вкупно 15 приеми, а во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, на Клиниката за нефрологија се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 16 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 10 деца и 30 возрасни. Голем дел од нив се на кислородна поддршка и сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, сооштија од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците од другите градови кои пристигнуваат на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се 55 пациенти на лекување, на инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид на лекување се наоѓаат 110 пациенти, во Прилеп 112, во ковид центарот во Гостивар 55, а во има Струга 21 болен. Во болницата во Струмица лежат 79 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 15, Кавадарци 40, а во Гевгелија 7 лица позитивни на корона вирусот.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, информираат од ова министерство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...