fbpx

ДЗС: Во септември намален број на работници во индустријата за 4,7 отсто

-

Индексот на бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на истиот месец лани, изнесува 95,3 или нивниот број е помал за 4,7 отсто, објави Државниот завод за статистика. Притоа, бројот на вработените во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2020 година, споредено со септември 2019 година, бележи опаѓање од 0,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓањето изнесува 5,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалувањето на бројот на работниците изнесува 1,6 отсто во споредба со септември 2019 година.

Статистика регистрира и дека, според главните индустриски групи, бројот на работниците во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, е помал кај групата Енергија за 1,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија, за 5,7 отсто, Капиталните производи за 4,6 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 отсто.

Исто така, за периодот од деветте месеци од годинава, од јануари до септември, индексот на бројот на работниците, споредено со истиот период од 2019 година, изнесува 95,3, односно во индустријата бројот на вработени се намалил за 4,7 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...