fbpx

Започнува проектот за изградба и реконструкција на над 400 километри локални патишта

-

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска од Прилеп го најави почетокот на реализацијата на проектот за изградба и реконструкција на над 400 километри локални патишта и улици во сите 80 општини и Градот Скопје. Вредноста на проектот е 70 милиони евра, кои се обезбедени од Светската банка.

Министерството за транспорт и врски веќе го објави првиот тендер за реконструкција и санација на вкупно 28 улици и локални патишта во 27 општини. Градежниот зафат ќе опфати локални патишта и улици во должина од 23,6 километри, во вредност од 4,5 милиони евра.

„Во оваа прва фаза влегоа само општините кои до Министерството доставија готови ревидирани проекти кои Светска банка веднаш ги одобри. Исто така, сакам да најавам дека работиме и на вториот пакет на општини кој некаде до средината на август ќе го испратиме на одобрување до Светска банка“, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој појасни дека е многу важно во овој период општините да подготвуваат проекти и да ги испраќаат до Министерството за транспорт и врски, со цел ефикасно и навремено да се искористат средствата што ни се одобрени за локалните патишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...