fbpx

Одложено гласањето за уставните амандмани

-

Парламентарното мнозинство вечера не успеа да обезбеди 82 гласа за уставните амандмани, па по неколку долги паузи, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја прекина седницата. Притоа не прецизираше кога таа ќе продолжи.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ, утрово, како што објавивме, изјавија дека се чека Али Ахмети, лидерот на ДУИ. Ако тој е во состојба да дојде на седницата (завчера тој беше полесно повреден во сообраќајка ), уставните измени ќе бидат донесени, но доколку не се појави, седницата ќе се одложи за наредната недела.

 

Инаку, пратениците на ВМРО­-ДПМНЕ, подржани од коалициските партнери, денеска на собраниската седница на која се расправаше за измените на Уставот, ги утврдија амандманите за дефицитот, јавниот долг и за судскиот совет.

За амандманот со кој се зголемува бројот на судиите во Советот, во кој нема да членуваат министерот за правда и претседателот на Советот, гласаше и пратеничката на Либералната партија, Роза Топузова-Каревска.

Пратениците го утврдија и амандманот за уставната тужба.

За расправата по текстот на амандманите се потребни мнозинство од вкупниот број на пратеници, додека, пак, за усвојувањето на уставните амандмани, потребно е двотретинско мнозинство, а исто толку и за изгласување на Уставниот закон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...