fbpx

Полицискиот час не го испочитувале 59 лица, регистрирани 255 прекршоци за неносење заштитна маска

-

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 59 лица што не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 32 лица, додека за останатите граѓани се земени податоци и за нив ќе следуваат соодветни мерки.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 255 прекршоци, а четири лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, велат од МВР.

Во изминативе 24 часа на 141 лице им се издадени решенија за изолација, а 14 потпишале изјави за самоизолација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претседателот на Иран загина во хеликоптерска несреќа

Претседателот на Иран Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, потврдуваат иранските медиум, а пренесуваат Би-Би-Си и Гардијан. Во трагедијата загинаа сите патници, меѓу кои беше и министерот за надворешни...