fbpx

Спасовски: Оваа година Рамазан Бајрам поттикнува желба за меѓусебна почит и солидарност

-

По повод големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам, премиерот Оливер Спасовски упати честитка со која посочи дека оваа година, празникот има посебно значење поради актуелната криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

„Оваа година Рамазан Бајрам, како празник на обновата на духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање и солидарност. Во овие услови, Рамазан Бајрам не повикува да се соочиме со предизвиците, кои ги носи оваа глобална здравствено-економска криза, и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме заедно по патот што го избравме, здружено и единствени“ – се вели во честитката на премиерот Спасовски.

Во духот на празникот, тој порача граѓаните да бидат одговорни кон себе, кон своето семејство и кон државата, така што ќе ги почитуваат препораките за предострожност и заштита со носење на заштитна опрема и за одржување безбедна физичка дистанца.

Премиерот упати честитка и по повод Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, посочувајќи дека наследсвото кое ни го оставија Светите браќа нè потсетува и обврзува на потребата од визионерство во организирањето на образовниот процес преку употребата на алатки што ги нуди современата технологија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...