fbpx

СКСЗМ: МВР, а не компаниите да се грижат за носењето на лична заштита на граѓаните

-

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) реагира на Уредбата на Владата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од корона вирусот и заштита на населението за време на вонредна состојба.

„Обврската според член 3 од Уредбата со законска сила за компаниите да се грижат за однесувањето на граѓаните во однос на носење заштитни маски, е дополнителен товар што ниту еден бизнис не може да го носи, а во тој случај се загрозени сите бизниси, особено тие микро и мали, кои се уште повеќе загрозени во овој период на пандемија. Одговорни за однесувањето и дисциплината на луѓето треба да бидат органите за одржување на редот, а не бизнисите, односно нивните сопственици или директори,“ се вели во реакцијата на СКСЗ.

Од таму повикуваат на усогласеност со член 4 од Уредбата со законска сила, обврската за надгледување на спроведувањето на одредбите од овој акт да спаѓа во надлежност на Министерството за внатрешни работи, а не на товар на компаниите, со цел да се минимизира можноста за казнување на компании што се единствениот извор на приходи на државата во овој период на криза.

„Апелираме до релевантните институции пред да се донесе каква било одлука, однапред да се консултираат претставниците на бизнисот, односно стопанските комори, со цел да се обезбеди разумност на тие одлуки и практично спроведување на истите, како и да се избегнат евентуалните колатерални штети што може доаѓаат како резултат на нивното донесување,“ се додава во соопштението на СКСЗМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...