fbpx

За лицата кои останаа без работа, паричен надоместок од 50 отсто од просечната плата

-

Граѓаните кои останале без работа ќе добијат парична помош, надоместок од државата, во зависност од должината на работниот стаж. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, МТСП, надоместокот е во висина од 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци.

„Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос. Надоместокот се исплатува според годините работен стаж. На пример, еден месец, ако лицето има стаж на осигурување најмалку 9 месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Ако лицето има стаж од 10 до 12,5 години, надоместокот се исплатува во перуиод од 6 месеци, а доколку има стаж над 25 години, 12 месеци“, соопшти МТСП.

Висината на средствата не може да изнесуваат повеќе од 80 отсто од просечната месечна нето плата по работник во Републиката, објавена за последниот месец.

Граѓаните што останале без работа треба да поднесат барање во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос, а сите информации можат да ги видат на овој линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...