fbpx

Онлајн дебата со Пендаровски за Денот на НАТО, музичка честитка за добродојде за Македонија

-

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер Оливер Спасовски беа говорници на денешната онлајн-дебата што по повод Денот на НАТО ја организираа Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование. Во саботата, на 4 април, Денот на НАТО, ансамбл на оркестарот на военото воздухопловство на САД од базата „Рамштајн“ во Германија со изведба на химната на Алијансата и посака добродојде на Македонија како 30-ти сојузник.

– Дел од нашиот ансамбл денес требаше да биде во Скопје викендов, но настанот беше откажан поради пандемијата на КОВИД-19. Сепак, сакавме да го одбелеќиме Денот на НАТО и членството на Северна Македонија преку музички прилог – вели потполковник Кристина Мор, командир на оркестарот на силите на воздухопловството во Европа.

На 4 април се одбележува годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор, со кој во 1949 година е основана Организацијата на северноатлантскиот договор (НАТО).

„Денот на НАТО планиравме да го прославиме со гостување на воените оркестри на САД и Словенија. Поради кризата предизвикана од корона вирусот, тоа го одложивме за подобри времиња. Но, еве ја музичката честитка од далечина, во чест на нашето членство“, порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Денот на НАТО и сојузништвото со Македонија викендов го одбележаа и амбасадите на САД и на Обединетото кралство, кои ги „обоија“ резиденциите на своите амбасадори во сино, бојата на знамето на НАТО.

На онлајн дискусијата на Факултетот за безбедност беа најавени и полковник Зоран Јанковиќ Шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и професорите Марјан Ѓуровски проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ и професор на Факултетот за безбедност-Скопје, Ризван Сулејмани проректор на Универзитетот „Мајка Тереза„- Скопје и Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност-Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски го призна поразот на претседателските избори

Досегашниот претседател на државата Стево Пендаровски на прес-конференција изјави дека резултатите од претседателските се јасни и дека нема намера да ги објаснува, а додаде и дека „неговата совест и...