fbpx

Годишните сметки и финансиски извештаи ќе може да се достават хартиено и електронски

-

Централниот регистар информира дека на 27, 28 и 29 февруари и на 16 март годинава ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година од 08 до 20 часот.

„Mикро и мали субјекти, што нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 16 март 2020 година. На 27,28 и 29 февруари и на 16 март 2020 година за самостојните вршители на дејност, во Кратово, Демир Хисар и Крушево, каде Централниот регистар нема свои канцеларии ќе врши прием на годишните сметки во хартиена форма за 2019 година, во објектот на Општина Кратово, за субјектите од Кратово, во објектот на Општина Демир Хисар за субјектите до Демир Хисар и во објектот на Уни банка за субјектите од Крушево,“ се вели во соопштението на Централниот регистар.

Централниот регистар ги информира самостојните вршители на дејност дека билансот на приходи и расходи треба да се достави согласно со новиот Правилник за формата и содржината на деловните книги, начинот на нивното водење и искажувањето на финансискиот резултат на даночните обврзници што вршат самостојна дејност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Регионална депонија во Свети Николе: Зошто да биде европска кога може да е дива

Шеснаесет нестандардни општински и десетици диви депонии, полни со секаков отпад, без никаква ограда или заштита, расфрлани речиси до секое населено место, во реките, покрај нивите и патиштата или...