fbpx

Владата препорача итна гасификација на болницата во Куманово

-

Владата на 161. седница донесе одлука да ѝ препорача на работната група за субвенции на инвертер клими да ја вклучи Општина Куманово на листата градови за примена на оваа мерка, или да понуди решение за поддршка на граѓаните и на локалните институции за приклучување на системот за дистрибуција на гас во општината.

„Во таа насока е и препораката за наоѓање итно решение за замена на постоечкиот начин на загревање на Општата болница Куманово со можностите за греење на гас, имајќи го предвид планираното воведување на гасификација во Општа болница Куманово при изградбата на новиот ургентен – хирушки центар при ОБ Куманово“, се вели во соопштението на Влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...