fbpx

Туск: Време е ЕУ да испорача датум за почеток на преговори во октомври

-

Северна Македонија ја заврши својата работа и најде решение за политичките кризи во земјава, а сега е време на Европската Унија да ја заврши нејзината работа и да испорача датум за почеток на преговори во октомври. Ваквиот став го истакна претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот Зоран Заев.

– Најдовте решение на политичките кризи во вашата земја, преку договор со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција. Станавте шампиони на политичка зрелост во вашиот регион – изјави Доналд Туск.

Премиерот Зоран Заев изрази благодарност за личната заложба на Туск за обезбедување гаранции за реална европска перспектива за целиот регион. Тој го истакна напредокот на земјата, во поглед на остварување на реформската агенда, особено во областа на владеењето на правото.

Нагласувајќи дека до следната седница на Европскиот совет има само уште неколку недели, премиерот Заев ги посочи напорите и засилените ангажмани на Владата за обезбедување силна поддршка од земјите – членки на ЕУ за заокружување на нашата досегашна работа и одбележување заеднички историски успех со добивање одлука за почеток на пристапните преговори.

Премиерот Заев ги изрази очекувањата дека нашата земја ќе ја добие заслужената награда од страна на Советот на ЕУ на 15 октомври и Европскиот совет на 17-18 октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...