fbpx

Пендаровски – Туск: Почетокот на преговорите ќе биде силен импулс за суштински реформи

-

Претседателот Стево Пендаровски, денеска се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

На пријателската средба биле разменети мислења за севкупните состојби во земјата и во регионот, како и за аспирациите на државата за членство во Европската унија.

Претседателот Пендаровски истакна дека Македонија во изминатите две години донесе тешки одлуки за многу чувствителни прашања, вклучувајќи ја Преспанската спогодба со Република Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, и спроведе суштински и темелни реформи во многу клучни области, со што ја потврди својата посветеност на евроинтегративниот процес.

Пендаровски изрази и очекување дека Европскиот Совет во октомври ќе ги валоризира напорите на државата и ќе ја верификува 10 – тата препорака на Европската Комисија преку одредување на датум за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија.

Почетокот на пристапните преговори, според претседателот Пендаровски, ќе биде силен импулс за натамошно реализирање на суштинските реформи во државата до нејзиното идно членство во Унијата, што ќе придонесе за севкупната стабилност и просперитет на државата и на регионот.

Претседателот Пендаровски му се заблагодари на претседателот Туск за неговата јасна и директна поддршка за европската иднина на земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...