fbpx

Бензинот „еуросупер БС-95“ поевтинува, а дизелот поскапува

-

Бензинот „еуросупер БС – 95“ поевтинува за половина денар, а за толку поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар „еуросупер БС-95“ изнесува 66,5 денари, а „еуросупер БС-98“ и натаму ќе се продава по 69 денари.

Литар еуродизел ќе чини 61,50 денари, а екстра-лесното масло за домаќинство по 51,5 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 0,21 процент. Одлуката на РКЕ е донесена врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарт во однос на доларот во изминатите седум дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...