fbpx

За заштита од бучава на автопатите ќе се одвојат над два милиона евра

На две локации на автопатите од Коридорите 8 и 10 - покрај Куманово и на скопската обиколница во близина на Сарај ќе се постават заштитни огради, кои на околните домаќинства ќе им овозможат надминување на проблемот со целодневната бучава

-

Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе отпочне да го решава проблемот со бучавата од сообраќајот на фреквентните патишта во земјава. На две локации на автопатите од Коридорите 8 и 10 – покрај Куманово и на скопската обиколница во близина на Сарај ќе се постават заштитни огради од бучава, кои на околните домаќинства ќе им овозможат надминување на проблемот со целодневната бучава од сообраќајот.

– Проценетата вредност на договорот, согласно планот, изнесува 130 милиони денари без ДДВ (над 2 милиони евра). Очекуваме тендерот да го објавиме во текот на 2019 година, а реализацијата на договорот да биде околу 12 месеци, вклучително набавка, транспорт и вградување на бариерите – велат за „Мета“ од ЈП за државни патишта.

Овој проект е влезен и во Годишниот план за јавни набавки на ова претпријатие, откако минатата година беше изработена проектната документација за заштита од бучава, за што се издвоија над 1,1 милион денари. Јавното претпријатие ги има обезбедено неопходните средства за изведба на бариерите за заштита од бучава од сопствени извори, и тоа преку приходите што ги остварува од патарините, акцизата од нафтени деривати и патната такса.

Бучавата од сообраќајот и нејзините негативни ефекти кај граѓаните се ретко дискутирана тема во јавноста. Во едно од малкуте неодамнешни истражувања на оваа тема, коешто го реализираше Техничкиот факултет од Битола како дел од кампањата „Не Игнорирај! Реагирај!“, се покажа дека бучавата од сообраќајот во Скопје и Битола е два пати поголема во однос на дозволените законски рамки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Честитки за големиот празник Воскресение Христово – Велигден од Пендаровски и Џафери

Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата, напиша претседателот Стево Пендаровски, во својата честитка по...