fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Прва точка на лидерската средба да бидат предвремените избори

-

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека доколку се одржува лидерска средба прва тема треба да бидат предвремени парламентарни избори. Потоа, може да се зборува и за други теми, како пописот, изборен законик или закон за СЈО, кои ги најави денеска премиерот Зоран Заев.

Ова денеска го изјави изјави портпаролот на партијата Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање.

-Во однос на лидерската средба веќе и претседателот Мицкоски се изјасни. Ние сме децидни дека како прва точка мора да бидат предвремените парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности – рече Арсовски и додаде дека со денешниот настап, премиерот бега од избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џафери и Арсовска се расправаат кој треба да ја коси тревата во дворот на Владата

Тревата во дворот на Владата е неискосена и разбирам дека има реакции по тоа прашање. Според процедурите и прописите, земјиштето е во сопственост и надлежност на градот Скопје и...