fbpx

Штајнмајер-Пендаровски: Одлични билатерални односи со Германија на политички и економски план

-

Претседателот Стево Пендаровски се сретна со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер во Берлин, во рамки на официјалната посета.

„На средбата двајцата претседатели разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, состојбите во регионот, како и за аспирациите на државата за членство во Европската унија и во НАТО. Двајцата претседатели оценија дека двете држави имаат одлични билатерални односи, како на политички план, така и во повеќе други сфери од заеднички интерес, како што се одбраната и безбедноста, економијата и образованието. Во изминатата година, нагласи претседателот Пендаровски, двете држави остварија трговска размена од 4,3 милијарди долари, а во 2019 година тој износ веќе надминува една милијарда долари, со што Германија е на врвот на листата на трговски партнери на Северна Македонија“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Претседателот Штајнмајер ја потврдил цврстата поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и во НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...