fbpx

Анализа: Скоро половина од државните фирми и јавни претпријатија се со загуби

-

Од вкупно 29 јавни претпријатија и акционерски друштва во целосна државна сопственост, 13 прикажале загуби пред оданочување во 2018 година. Ова значи дека  скоро половина од државните претпријатија се во зона на неликвидност, стои во неделната економска анализа на „Порталб.мк“.

Според  финансиските показатели, ланската година збирно, сите овие државни фирми биле во позитива со 67 милиони евра. За дел од заемите на државните фирми и јавните претпријатија – гарантор е државата, а според прогнозите во следните години се очекува раст на гарантираниот долг како процент од БДП, поради планот за нови заеми за инфраструктурни проекти.

Јавните претпријатија, трговските друштва формирани од државата, општините, локалните претпријатија формирани од општините и јавните здравствени установи ја сочинуваат „петорката“ која има најголеми доспеани, а неплатени обврски во 2019 година. Според податоците, во првите десет „должници“  кои се под државна (локална) капа се и локални установи, регулаторни тела, институции на национално ниво.

Доспеаните, а неплатени обврски на крајот од април 2019 година на јавни претпријатија, државни трговски друштва се 79 милиони евра, на општините 66,3 милиони евра, на локални претпријатија основани од општини 56,1 милиони евра, на јавни здравствени установи 45,3 милиони евра, на буџетски корисници (прва линија) 16,8 милиони евра.

По завршување на 2018 година, загуба пред оданочување  прикажале државни фирми од областа на инфраструктура, железница, спортски центри, јавниот сервис.

Сите 29 јавни претпријатија и трговски друштва во целосна државна сопственост лани оствариле приходи од 638 милиони евра, расходите биле 571,1 милион евра со што добивката пред оданочување изнесувала 67 милиони евра. Годинава, според проекциите од новата Фискална стратегија, сите овие фирми и јавни претпријатија – сумирано ќе прикажат загуба од 7,5 милиони евра.

Како дел од долгот на јавните претпријатија се и заемите за кои како гарантор стои државата.  Владата има план овие долгови кои се државна гаранција и кои се нотирани во дел од извештаите на меѓународните финансиски институции, да се лимитираат на максимални 13 отсто од домашниот бруто-производ (БДП).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...