fbpx

Холандскиот парламент ја отфрли резолуцијата за блокирање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ

-

Холандскиот парламент синоќа со мнозинство гласови ги отфрли двете резолуции – од Социјалистичка партија и од Партијата на слободата – да не се поддржи почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ.

Парламентот истовремено усвои резолуција против отворањето на преговори на Европската Унија со Албанија.

Со резолуцијата се бара да не се отворат преговори со Тирана поради немањето прогрес во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Според холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок, отворањето пристапни преговори со Албанија е избрзана одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...