На денешната седница Владата го утврди и текстот на Предлог-закон за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2020 година и го испрати до Собранието.
Новина кај овој попис што треба да се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2020 година е што ќе се користат лаптопи наместо хартиени обрасци, што, велат од Владата, многу ќе го забрза процесот на обработка и објавување на прибраните податоци.
Предвидено е пописот да се спроведе со т.н. комбиниран метод, односно користење на податоци од претпописната база на податоци и прибирање на податоци од терен, т.е. лично попишување на сите единици на Пописот.