fbpx

Во Косово ситуацијата се вжештува, Србија прогласи борбена готовност

-

По серијата апсења на северот на Косово, чија цел се и Срби и Албанци, српскиот претседател порача дека станува збор за акција на косовската полиција насочена кон Србите и свика итна седница на српскиот Совет за национална безбедност.

За време на акцијата уапсени се неколкумина полициски службеници и неколку граѓани осомничени за вмешаност во шверцување, а петмина полицајци се повредени.

Меѓународните мировни сили на Косово, под водство на НАТО, КФОР, потврдија дека во тек е операција на косовската полиција, која, како што се наведува, се одвива во рамки на борбата против криминалот.

-Операцијата на косовската полиција се одвива по налог на Обвинителството на територија на цело Косово, не само на северот, и не е вперена против криминалот на Србите, туку против лица обвинети за корупција и криминал – изјавил за „Танјуг“ портпаролот на командата КФОР, Винченцо Грасо.

Во меѓувреме, забележано е движење на српската војска и полиција кон Косово, а во касарната на војската на Србија во Краљево е забележана активност на оклопни возила, јави РТС.

Косовската полиција објави дека девет полицајци уапсени на северно Косово биле однесени во Приштина во зградата на полицискиот инспекторат на Косово.

Се потсетува дека во полициската акција се уапсени граѓани од албанска, српска и бошњачка националност.

„Полициската операција во неколку региони, вклучувајќи ги Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица и Дренас, резултираше со апсење на неколку осомничени граѓани и полицајци“, соопшти косовската полиција.

Апсењата во Северна Митровица почнаа рано утрото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се...