fbpx

Од понеделник, канцеларија „Купи куќа, купи стан“ во Министерството за финансии

-

В понеделник почнува со работа канцеларијата „Купи куќа, купи стан“. Канцеларијата се наоѓа во Министерството за финансии и ќе биде отворена за заинтересираните за проектот секој ден од 10 до 15 часот.

Граѓаните таму ќе можат да се информираат за сите погодности што ги нуди „Купи куќа, купи стан“, како неповратни средства до 14.000 евра и ниски каматни стапки, но ќе можат да добијат податоци и каде можат да најдат станови по пониски цени – до 900 евра за еден квадратен метар во согласност со условите на проектот и каде се нудат парцели за изградба на куќа.

Министерството за финансии ги повикува сите градежни фирми што во моментов имаат понуда на станови до 900 евра за еден квадратен метар да се приклучат на проектот, со тоа што ќе испратат податоци за становите што ги продаваат на [email protected].

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...