fbpx

Свидетелствата во јуни ќе бидат со новото име на државата

-

Во сите документи кои се дел од педагошката документација, променето е уставното име, информираат за „Мета“ од Бирото за развој на образованието (БРО). Тоа значи дека учениците, на крајот на јуни, ќе им бидат поделени свидетелства со нов печат и жиг на кои ќе биде впишано „Република Северна Македонија“.

Оваа одлука веќе е објавена во „Службен весник“, а новите документи и обрасци се печатат.

Основните и училиштата за средно образование, свидетелствата ги добиваат токму од Бирото. Наде Молеровиќ, директорка на основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Центар, вели дека сè уште не ги добиле новите обрасци.

– Сè уште е рано да ги добиеме новите свидетелства. Тоа вообичаено е откако ќе се распуштат учениците, по 10 јуни. Наставниците ги пополнуваат оценките во електронскиот дневник, а потоа треба да ги напишат и рачно во свидетелствата. За деветтоодделенците свидетелствата порано се издаваат поради уписите во средно, а останатите ученици ги добиваат малку подоцна – вели Молеровиќ.

Свидетелството, односно образецот е печатен на хартија со воден жиг и флуоресцентни влакна, а грбот се печати со златна фолија.

Од претстојниот 1 септември, сите наставници ќе добијат и дневници со новото име на државата.

Согласно Законот за основно образование, педагошката евиденција опфаќа – главна книга на учениците, дневник на паралелката, евидентни листови за успехот на учениците, ученичка легитимација, свидетелство и преведница.

Сите документи од претстојната учебна година ќе бидат нови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...