fbpx

Мајлинда Брегу: Магичниот збор за Западен Балкан е – поврзување

-

Магичниот збор за регионот е – поврзување. Поврзување на пазарите на луѓето и интегрирање на шесте земји од Западен Балкан во единствениот европски пазар – тврди генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу во колумна за Глобал Маркет, публикацијата на „Јуромани“.

„Гледајќи низ објективни показатели во последните неколку години, регионот остварува непрекинат економски раст (со тренд од 3,5 отсто во 2019 и 3,8 отсто во 2020 година). Сепак, БДП по глава на жител на Западен Балкан е помал од една третина од најбогатата земја членка на ЕУ Германија, додека просечната количина на директните странски инвестиции по глава на жител е една седмина од европскиот просек и помалку од половина од инвестициите во земјите членки на ЕУ од Источна Европа. Но и покрај тоа, регионот дава привлечно окружување за инвестиции, каде што стапките на данок се движат од 9 до15 отсто и се најниски во Европа“, пишува Брегу.

Странските инвеститори препознаа дека регионот се наоѓа помеѓу источниот и западниот дел на светот и како таков, заедно со низа спогодби за слободна трговија и со статус на повластена трговија со трети земји, може да биде сигурно пристаниште за вложување кое нуди и лесен пристап до глобалниот пазар.

„Како резултат на тоа минатата година на Западен Балкан како директни странски инвестиции се вложени една милијарда евра. Сепак, превладувачко мислење е дека тоа се скромни бројки и далеку под потенцијалот на Западен Балкан“, додава Брегу.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...