fbpx

Таксистите лани превезле за 12 пати повеќе патници низ Македонија од возовите (инфографик)

-

Наместо да доминира во националниот превоз на патници, железницата лани успеала да превезе за 12 пати помалку патници во споредба со таксистите. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во меѓуградскиот превоз со такси возила во 2018 година биле превезени дури 6.406.000 патници. Наспроти таксистите, лани со македонските возови патувале само 534.000 лица во домашниот железнички сообраќај.

Актуелната статистика говори дека автобускиот превоз имал најголем удел во превозот на патници меѓу градовите – лани во националниот патен превоз биле регистрирани 7.727.000 патници.

„Мета“ веќе пишуваше за алармантните бројки поврзани со уделот на железницата во превозот на патници во земјава. За патување со воз меѓу градовите има премалку поаѓања, што ја прави железницата неатрактивна за граѓаните. Па така, меѓу Скопје и Кичево дневно сообраќа само 1 воз, додека автобуските компании имаат организирано по 19 поаѓања дневно. Меѓу Скопје и Битола има само по 3 воза дневно, додека патниците меѓу овие два града можат да патуваат со 13 автобуси дневно. Кон Гевгелија од главниот град сообраќаат само по 2 воза, додека релацијата меѓу Скопје и Кочани дневно ја минува само 1 патнички воз.

За разлика од малиот број на возови, таксистите меѓу градовите имаат поаѓања во согласност со потребите на патниците, но и во договор со нив. Зголемениот број на патници, како и споделувањето на возилото со други лица, доведува до тоа такси превозот да постигнува намалени цени, кои се слични на сумата што граѓаните би ја платиле за карта за воз или автобус.

Наспроти моменталниот недостиг на возен парк кај Железници на РСМ, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2018 година во нашата земја имало 2.342 патнички автомобили со кои се организирал градскиот и меѓуградскиот такси превоз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...